Македонија Од јуни до денеска низ земјава поминале речиси 180.000 мигранти

Од јуни до денеска низ земјава поминале речиси 180.000 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 2.973 мигранти, кои од Грција влегле на територијата на земјава. Од нив најголем број се државјани на Сирија, вкупно 1.942 лица, од Авганистан се 549 и од Ирак 273 мигранти.

Од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита, на 19 јуни, кога почна издавањето на потврдите со кои на мигрантите им се овозможува 72-часовен престој во земјава, вакви документи, според податоците на МВР, досега им се издадени на вкупно 178.902 мигранти.

Според бројот, најголем дел од нив се сириски државјани, односно 120.648 луѓе, потоа од Авганистан се 31.147 лица, од Ирак – 13.954, Пакистан – 3.981, Иран – 2.776, Палестина – 1.614, Сомалија – 927, Бангладеш – 880, Конго – 471, Нигерија – 251, Камерун – 222 и од Еритреја – 207 лица.

Во изминатите четири месеци, азил во земјава побарале само 70 лица.