Македонија Од 19 јуни до денеска низ Македонија поминале 70.000 мигранти

Од 19 јуни до денеска низ Македонија поминале 70.000 мигранти

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) им издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 958 мигранти, од кои најголемиот дел, односно 806, се сириски државјани, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, од почетокот на издавањето на потврдите (19 јуни) до денеска, низ територијата на Македонија поминале вкупно 69.743 мигранти, на кои им бил издаден ваков документ.

Според потеклото, најбројни се државјаните на Сирија, вкупно 56.617 лица, потоа на Авганистан (4.166), Ирак (3.260), Пакистан (1.983), Палестина (823), Сомалија (583), Бангладеш (477), Конго (328), Нигерија (208), Камерун (163), Еритреја (146), Етиопија (117) и на Судан (103).

Во изминатите 24 часа, до одделението за азил, според МВР, не се поднесени барања за признавање на правото на азил.

Од 19 јуни досега, барања за азил во Македонија поднеле само 49 мигранти, од кои 36 се државјани на Сирија.