Македонија Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема за возилата

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема за возилата

Ланци за автомобил

Од 15 ноември почнува да важи обврската за носење зимска опрема во возилата. За возачите на автомобили, џипови и на лесни камиони е задолжително носењето зимски гуми и синџири, а за возачите на автобуси и на тешки камиони, и лопата, ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.

Санкционирањето во претстојната зимска сезона ќе биде во согласност со постојниот правилник за зимска опрема во автомобилите, со кој се пропишува казна од 15 евра. Со новиот закон за безбедност во патниот сообраќај, чија подготовка е во тек, според најавите, се предвидени казни од 45 евра за неносење зимска опрема.

При контролите од сабота полицијата ќе проверува дали возилото поседува зимска опрема, односно дали шарите на гумите се со најмалку четири милиметри длабочина.

Обврската за задолжителната зимска опрема трае до 15 март следната година.