Македонија Обвинителството ги утврдува причините за сообраќајната несреќа во која загина пешак

Обвинителството ги утврдува причините за сообраќајната несреќа во која загина пешак

Возачите на двата автомобила се задржани на лекување, велат од Јавното обвинителство, по вчерашната стравотна сообраќајна несреќа на улицата „Словенечка“

Фото: Image by PublicDomainPictures from Pixabay

Извршен е увид на лице место, прибрани се траги и обезбедени се снимки од видео надзор. Возачите на двата автомобила се задржани на лекување, велат од Јавното обвинителство, по вчерашната стравотна сообраќајна несреќа на улицата „Словенечка“ во Скопје во која загина пешак.

Од обвинителството велат дека се работи на утврдување на причините за несреќата.

Сообраќајната несреќа се случи синоќа во 23.20 часот на крстосницата што ги поврзува булеварот Босна и Херцеговина и Македонско-косовска бригада во Скопје.

Како што може да се види од снимките што беа објавени во дел од медиумите, во несреќата учествуваат два автомобила, кои при судирот удираат во пешак кој се движи по тротоарот.

Дел од повредените со возило на Брза помош веднаш биле пренесени во болница.