Македонија Обвинителство постигна спогодба со уште двајца обвинети во „Јустиција“

Обвинителство постигна спогодба со уште двајца обвинети во „Јустиција“

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна спогодба со еден судија и со еден судски службеник, осомничени во предметот „Јустиција“.

Денеска спогодбата е верификувана и од Основниот суд Скопје 1, кој во согласност со договореното, со пресуда, на осомничените им изрече условна казна затвор, односно казна затвор од една година која нема да се изврши доколку во рок од три години лицата не сторат кривично дело, соопштија од Јавно обвинителство.