Македонија Обвинителен предлог за двајцата што се обидоа да прават див паркинг кај...

Обвинителен предлог за двајцата што се обидоа да прават див паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставило предлог за продолжување на определената мерка притвор за првиот обвинет од двајцата, кои се обидоа да прават див паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“

Фото: Порталб

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставило предлог за продолжување на определената мерка притвор за првиот обвинет од двајцата, кои се обидоа да прават див паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“.

За второто обвинето лице на сила се определените мерки на претпазливост.​​

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека поднеле обвинителен предлог против двете лица за кривичното дело – узурпација на недвижности.

Од обвинителството велат дека двајцата соизвршители, на возраст од 45 и 42 години, заеднички со намера за владение зазеле недвижност во сопственост на државата, која со пропис е прогласена за имот во општа употреба со намера земјиштето да го упортребат за изградба на паркинг.

Првообвинетиот ангажирал повеќе непознати лица да ја исечат металната ограда и да ја искршат бетонската конструкција за ограда од дворот на Јавната здравствена установа – Здравствен дом на Скопје – Поликлиника „Бит Пазар“. Притоа, биле уништени и околните грмушки и дрва. Второобвинетиот, пак, со багер почнал да го рамни теренот каде осум камиони транспортирале градежен материјал – тампон, кој го растовариле во дворот на поликлиниката. Со багерот, вториот обвинет продолжил да го растура и рамни тампонот низ паркот на болницата до доаѓањето на полицијата.

Притвор и мерки на претпазливост за двајцата што се обидоа да прават див паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“