fbpx

Притвор и мерки на претпазливост за двајцата што се обидоа да прават див паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“

Двајцата за само два часа успеале да ја урнат оградата и бетонските столбови со цел да овозможат пристап на градежна механизација на локацијата, започнале да носат камиони со тампон и истуриле огромно количество песок за да го тампонираат просторот

-

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за две лица против кои е поведена постапка за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, на возраст од 45 и 42 години, на особено дрзок начин, со багер урнале дел од оградата на поликлиниката „Бит Пазар“ и започнале да го рамнат и тампонираат земјиштето во близина на здравствената установа кое не било во нивна сопственост, со намера да го претворат во паркинг, иако за тоа немале соодветна дозвола од општината.

Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор оценувајќи дека во конкретниот случај постои опасност осомничените да го повторат делото, бидејќи кривично-правните дејствија ги презеле преку исклучителен волунтаризам и самоволие, со нарушување на имотот на објект кој е во општа употреба. Двајцата манифестирале огромна упорност за реализирање на својот потфат и за само два часа успеале да ја урнат оградата и бетонските столбови со цел да овозможат пристап на градежна механизација на локацијата, започнале да носат камиони со тампон и истуриле огромно количество песок за да го тампонираат просторот, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Со тоа, стигнале до самите ѕидови на болницата, при што го загрозиле пристапот до болницата и спроводот на пациентите во итни случаи.

Намерата на осомничените била во најкраток можен период – за време на викендот – да го заокружат криминалниот потфат со ставање сопствена рампа со која во иднина би го узурпирале просторот и би профитирале од наплата на паркинг без дозвола, објаснуваат од обвинителството.

За првоосомничениот, кој го узурпирал земјиштето, обвинителството определи мерка притвор во траење од 8 дена, додека за вториот осомничен – управувач со багерот определени се мерки на претпазливост.​

Приведени две лица кои сакале да градат нелегален паркинг кај поликлиниката „Бит пазар“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...