Македонија Облачно време со врнежи од дожд

Облачно време со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, со повремени краткотрајни врнежи од дожд. Во попладневните часови се очекува засилување на врнежите. Во текот на денот ќе дува слаб југоисточен ветер.

Минималната температура ќе изнесува 7, а максималната 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината, нè очекува слично време со температура до 14 Целзиусови степени.