Македонија Облачно, но суво време

Облачно, но суво време

Времето денеска ќе биде облачно, но без врнежи. Минималната температура ќе изнесува 5, а максималната ќе достигне до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината, времето ќе биде облачно, со температура до 8 до 12 Целзиусови степени.

Од утре земјата ќе биде под влијание на нов влажен бран од Медитеранот, кој ќе продолжи и во текот на викендот, кога се очекува и благо опаѓање на температурата.