Македонија Облачно и ветровито време, со температура до 14 степени

Облачно и ветровито време, со температура до 14 степени

Денеска, во претпладневните часови, времето ќе биде претежно облачно, а попладне се очекува значително намалување на облачноста со можни сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде околу 4 Целзиусови степени, додека максималната дневна температура се очекува да се искачи до 14 степени.

Во Скопје, синоптичарите за попладне очекуваат повремени сончеви периоди и максимална дневна температура до 11 Целзиусови степени.

Од утре се очекува стабилно, топло и сончево време.