Македонија Облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во источните и крајните северозападни делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 Целзиусижови степени, а дневната од 25 до 34 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје ќе преовладува слично време, променливо облачно и нестабилно со краткотраен дожд, грмежи и со засилен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 32 степени.