Свет Европа Објавена слика од Салман Абеди, бомбашот од Манчестер

Објавена слика од Салман Абеди, бомбашот од Манчестер

Салман Абеди е идентификуван како осомничен за самоубиствениот бомбашки напад на концерт во Манчестер во кој загинаа 22 лица, а 59 беа повредени.

Британските медиуми денеска објавија фотографија од 23-годишниот Абеди за кој британската премиерка Тереза Меј потврди дека е роден и пораснал во Британија.

Абеди е од Манчестер, а родителите му се со либиско потекло. Неговите родителите емигрирале од Либија во Лондон а потоа се преселиле во јужното предградие на Манчестер, каде што живееле најмалку 10 години.

Полицијата истражува дали Абеди патувал во Либија и дали имал контакти со Исламска држава.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Коломб изјави дека верува дека бомбашот самоубиец кој го извел нападот во Манчестер престојувал во Сирија и дека имал врска со Исламска држава.