Македонија Објавен оглас за продажба на градежно државно земјиште во Пехчево

Објавен оглас за продажба на градежно државно земјиште во Пехчево

Пехчево

Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на државно градежно земјиште наменето за изградба на откупен пункт за земјоделски производи во местото Подуево, во општина Пехчево.

На продажба се ставени пет градежни парцели со површина од 891 до 5.973 квадратни метри, а почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар за еден квадратен метар.

Заинтересираните домашни и странски правни физички лица треба да достават пријава за учество најдоцна до 26 ноември годинава.

Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 3 декември годинава, на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk.