Свет Обама: Само со политичко решение за Сирија може да се елиминира ИД

Обама: Само со политичко решение за Сирија може да се елиминира ИД

Исламска држава не може да биде елиминирана сè додека не се најде политичко решение за Сирија, изјави американскиот претседател, Барак Обама, на Самитот за азиско-пацифичка економска соработка во Манила.

Американскиот претседател истакна дека граѓанската војна во Сирија нема да заврши сè додека на власт е претседателот Башар ал Асад.

– Не можам да ја предвидам ситуацијата во која може да ја заврши граѓанската војна во Сирија сè додека Асад е на власт – изјави Обама, додавајќи дека Русија и Иран мора да одлучат дали сакаат да го поддржат Асад или да ја спасат Сирија.