Видео Новогодишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов

Новогодишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов

Празниците се момент кога си посакуваме многу здравје, многу радост и многу среќа во годината што доаѓа. На прагот на новата година, благодарни сме на сите граѓани кои нѐ израдуваа, охрабрија и нѐ поттикнаа на добри мисли и на добри дела, вели претседателот Ѓорге Иванов во своето новогодишно обраќање.

– Благодарни сме на трудољубивите стопанственици и земјоделци. Благодарни сме на грижливите родители. Благодарни сме на уметниците кои со своите дела, изложби и изведби ги освoјуваа светските сцени. Благодарни сме на нашите спортисти и на талентираните млади научници кои освојуваа признанија за Македонија. Благодарни сме на храбрите македонски војници кои будно ја чуваа нашата безбедност. Благодарни сме на сите што ја сакаат, почитуваат и чуваат Македонија. Сите ние сме различни, но суштински сме еднакви. Секој од нас придонесува за создавање на сликата која другите ја имаат за нашата татковина Македонија – вели Иванов.