Економија Новите апоени од 200 и од 2.000 денари ќе излезат кон крајот...

Новите апоени од 200 и од 2.000 денари ќе излезат кон крајот на годинава

Новите банкноти од 200 и 2.000 денари треба да бидат пуштени во оптек кон крајот на оваа или на почетокот од следната година, информираат од Народна банка.

Одлука за официјалното пуштање во промет треба да донесе Советот на Народна банка, а подготовките се сè уште во тек.

Избрана е компанија што ќе ги печати, а планирано е да се произведат по 10 милиони парчиња од секој апоен.