Македонија Нови 674 случаи на ковид-19, оздравени 403, а починати 27 лица

Нови 674 случаи на ковид-19, оздравени 403, а починати 27 лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.618 тестирањe, а регистрирани се 674 нови случаи на ковид-19: Скопје – 253, Тетово – 105, Гостивар – 44, Куманово – 36, Струмица – 32, Кичево – 26, Прилеп – 24, Дебар – 19, Битола – 18, Штип – 16, Свети Николе – 14, Струга – 13, Велес ,Кавадарци и Охрид – по 12, Ресен – 7, Кочани, Гевгелија и Кратово – по 5, Виница – 4, Неготино – 3, Берово и Пехчево – по 2, Крива Паланка,Радовиш, Валандово, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 403 оздравени пациенти од:Скопје – 108, Гостивар -103, Куманово -31, Кичево и Дебар – по 20, Струмица и Кавадарци – по 15, Прилеп и Штип – по 12, Битола – 9, Тетово – 8, Свети Николе – 7, Кочани ,Берово и Валандово – по 6, Велес ,Гевгелија и Кратово – по 5, Ресен и Пехчево – по 3, Македонски Брод –  2, Делчево и Пробиштип – по 1.

Пријавени се 27  починати лица: 7 починати лица од Тетово ( 49г, 69г, 71г, 74г, 74г, 81г и 89г), 6 починати лица од Гостивар ( 37г, 65г, 71г,72г,74г и 76г),  5 починати лица од Скопје ( 49г, 60г, 68г, 78г и 87г),по 2 починати лица од Дебар(49г и 61г) , Свети Николе  (58г и 73г)  и Струга(36г и 77г), и по едно починато лице од Куманово (63г), Струмица (56г) и Велес (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.330, бројката на оздравени пациенти е 155.101, на починати е 5.869, а бројот на активни случаи изнесува 14.360.