Свет Нов случај на птичји грип во Холандија

Нов случај на птичји грип во Холандија

На уште една живинарска фарма во Холандија откриен е четврти случај на птичји грип.

Од холандското министерство за здравство соопштуваат дека се уништени 28.000 пилиња на живинарската фарма. Оттаму тврдат дека се работи за ист тип  инфекција, птичји грип Н5, пронајден на живинарски фарми низ Европа и низ Азија во изминатите неколку месеци.