Македонија Нов протест на студентите в петок

Нов протест на студентите в петок

„Изгледа дека она што Владата го подразбира под „јавна расправа“ е (консензуален) разговор на министрите и на премиерот пред камери. Покрај сите „јавни дебати“, свесно прекршување на законите, како и целосното игнорирање на „Студентски пленум“, како и на самите универзитети, ние не се откажуваме! Драги граѓани, студенти, професори, родители, средношколци, професори и пензионери, да не дозволиме овој монолог на Владата да продолжи! Студенти, да си го освоиме образованието назад! Ова е моментот кога треба да искажеме револт не само поради лошите реформи, туку и затоа што сопствената држава без срам нè игнорира, дрско ни се потсмева, невешто нè заокружува. Затоа в петок, сите на протест! Помасовно, побунтовно и покреативно, затоа што сите заедно сме посилни!“, пишува во објаснувањето за настанот кој е креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Локација на протестот ќе биде објавена во текот на денот. Настанот е закажан пред пет часа, а досега повеќе од 1.600 граѓани го потврдиле своето присуство.