Свет Нордиски земји: Русија е најголем предизвик за европската безбедност

Нордиски земји: Русија е најголем предизвик за европската безбедност

Шведска, Норвешка, Финска, Данска и Исланд се согласија на потесна соработка во одбраната откако прогласија дека Русија е најголемиот предизвик за европската безбедност.

Министрите за одбрана на овие земји сметаат дека мора да се подготват за можна криза или инциденти предизвикани од Русија.

Во заедничката изјава тие наведуваат дека руските лидери покажале оти се подготвени да употребат воени средства за да постигнат политички цели. Според нив, на Балтикот постојано се зголемувале руската воена и разузнавачка активност.