Забава Нобеловец го продал медалот затоа што банкротирал

Нобеловец го продал медалот затоа што банкротирал

Поради тоа што останал без работа и банкротирал, американскиот генетичар Џејмс Вотсон, добитник на Нобеловата награда за 1962 година, на аукција, за 4,75 милиони долари, го продал медалот што ја симболизира наградата.

Френсис Крик и Џејмс Вотсон, во 1953 година, опишаа молекул во форма на двоен хеликс. Со тоа покажаа дека не само што молекулот на ДНК е двојно-синџирест, туку и дека двете нишки се замотуваат една околу друга, при што формираат спирала која ја содржи генетската градина на животот, односно упатствата за развој и за правилно функционирање на сите живи организми.

Со својот текст, објавен на една страница во британскиот научен весник „Нејчр“ (Nature) двајцата млади научници направија вистинска револуција во светот на биологијата и на генетиката.