Македонија Николовски: Избирачкиот список покажа дека злосторничката банда е во врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Николовски: Избирачкиот список покажа дека злосторничката банда е во врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Јавноста виде дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале целосно криминални избори, преку корупција, фантомски гласачи и злоупотреби на државни институции – изјави членот на извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според него „по јавното објавување на избирачкиот список, се виде дека има голем број на лица впишани на иста адреса, но и се открија бројките на станари кај пратеници и министри од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа јасно покажува дека планот бил направен во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.“

– Се виде за каква злосторничка банда се работи, какви изборни измами правела. Ја повикуваме Државната изборна комисија што побрзо да даде инструкции, а граѓаните да го искористат своето законско право да пријават неправилности, но да доставуваат информации и до МВР, за да се покренат соодветни постапки. Секој што учествувал во изборна измама мора да одговара согласно законите – вели Николовски.