Uncategorized Никогаш повеќе влада од клептократија, порачуваат граѓаните

Никогаш повеќе влада од клептократија, порачуваат граѓаните

Протестот пред Владата, организиран од граѓански организации и од опозициони партии, е во полн ек. На почетокот беше интонирана химната, а граѓаните извикуваа „Оставки“, „Доаѓаме“, „Одете си“.

Насобраните веат знамиња – македонски, албански, на Че Гевара, влашки…, а на транспарентите се испишани дел од прислушуваните разговори.

Сè уште, од сите страни, граѓани, и стари и млади, доаѓаат кон бината.

Серијата говорници почна со претставниците на „Студентски пленум“ кои порачаа „Никогаш повеќе влада од клептократија“.

– Нешто е гнило во државава Македонија. И за тоа треба да оздрави. Многу капки овие 10 години мораат да паднат за да се случи ова море од луѓе – порача режисерот Александар Поповски, кој рече дека бил на сите досегашни протести и дека протестира за сите неправди што ѝ се направени на Македонија.