Ctrl - Z Неуролинк технологијата за мозочен имплант на Маск драстично ги зголемува способностите за...

Неуролинк технологијата за мозочен имплант на Маск драстично ги зголемува способностите за играње видео игри

Маск вели дека со ова се овозможува зголемување на гејмерските способности, а времето на реакција и точност ќе биде побрзо остварливо

Илон Маск / Фото: Daniel Oberhaus, CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс

Илон Маск ја развива „неуролинк“ технологијата, поточно мозочен имплант што може да служи како пребрз интерфејс за користење компјутери. Првиот човек е веќе имплантиран и се вика Ноланд Арбаух кој кажа дека веќе ги победува лесно своите пријатели во игри, а како квадрилептик не би можел да го стори тоа.

Маск најавува користење на повеќе електроди за трансфер на податоци и огромна брзина на реакција. Дури вели дека корисници на неуролинк имплантот ќе може побрзо да комуницираат од зборување или типкање на тастатура. 

Ова е цел поткаст посветен на темата, во кој Илон Маск го објаснува концептот: 

 

Маск вели дека со ова се овозможува зголемување на гејмерските способности, а времето на реакција и точност ќе биде побрзо остварливо. Ќе се забрза и трансферот на податоци на неуролинкот меѓу корисници. Тој зборува и во стилот на нешто што потсетува на научна фантастика и сајберпанк, но овојпат на дофат за човештвото.

„Вклучена е и идејата дека неуролинкот ќе го забрза човековиот мозок за на вештачката интелигенција да не ѝ стане досадно”, вели Маск.

Како што вели репортерот Рич Стантон од Пи-Си гејмер вели дека Маск има и други фрапантни изјави, во кои вели дека дошол до идејата за размер за пренос на податоци кај луѓето додека смислувал начини како човекот да се заштити од вештачката интелигенција и можните бариери што би излегле во позитивна конвергенција на ВИ и луѓето.

Многу од работите што ги споменува Маск се навистина како научна фнтастика. Тој, како најголема пречка за развој на оваа негова неуролинк технологија и најотежнувачки фактор ја посочува несогласноста на луѓето да бидат имплатирани.