Галерија Новинари и граѓани за Кежаровски протестираа и пред Владата

Новинари и граѓани за Кежаровски протестираа и пред Владата

Неколку стотини новинари и граѓани прво се собраа пред Апелацискиот суд во Скопје, протестирајќи против одлуката новинарот Томислав Кежаровски да биде осуден на две години затвор за дело што не го сторил.

Пред судот има голем број транспаренти, а новинарите носат маски со ликот на Кежаровски.

На протестот се појави и новинарот Кежаровски, кој беше дочекан со овации.

Протестот продолжи и пред Владата на Република Македонија.

По изјавите на претставници на здруженија на новинари, беа пуштени бели балони. Претставници на новинарите, во Владата на Република Македонија доставија карикатура.