Македонија Неисправна инсталација, причина за пожарот во црквата „Свети Атанасиј Велики“

Неисправна инсталација, причина за пожарот во црквата „Свети Атанасиј Велики“

Неисправна електрична инсталација е причина за пожарот што избувна вчера во црквата „Свети Атанасиј Велики“ во Богданци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пожарот кој избувна во петокот, во 10 часот, се прошири и во целата црква. Во пожарот нема повредени.