Економија НБРМ: Економијата бележи солидно темпо на пораст

НБРМ: Економијата бележи солидно темпо на пораст

По порастот на бруто-домашниот производ од 3,5 проценти во третиот квартал од 2015 година, најновите расположливи показатели упатуваат на веројатно задржување на солидното темпо на пораст и во четвртиот квартал при поволни движења регистрирани во главните економски сектори, информираат од Народна банка.

– Досегашните движења кај показателите за економската активност упатуваат на можност за умерено повисок пораст во 2015 година од очекуваниот. Сепак, и покрај овие поволни движења, неизвесното глобално закрепнување, а особено неповолните услови на глобалниот пазар на метали и неизвесноста поради домашните политички случувања и понатаму остануваат ризици што може да влијаат на темпото на идното закрепнување – се вели во соопштението на Народна банка.