Свет Европа НАТО: Русија изведува воени вежби без најава

НАТО: Русија изведува воени вежби без најава

Заменикот на генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу, изјави дека Русија изведува ненајавени воени вежби со што дополнително ги затегнува односите со Алијансата.

Вершбоу во Букурешт изјави дека Русија организира големи маневри без најава, со сè поголема фреквенција, наведувајќи дека имало десетина такви во претходните две години.

Тој додаде дека НАТО сака да развие поголем обврзувчки режим кој би ја зголемил транспарентноста за поголема стабилизација на незадоволителните односи со Русија.

Членките на НАТО не извеле ненајавени воени вежби уште од крајот на Студената војна, истакна Вершбоу.