Свет Европа Наскоро ќе се спојат Русија и Јужна Осетија

Наскоро ќе се спојат Русија и Јужна Осетија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја поднесе на ратификација во парламентот спогодбата за здружување и за интеграција на Русија и на Јужна Осетија.

Спогодбата предвидува заедничка одбрана и безбедност, слободно движење преку границите меѓу Русија и Јужна Осетија, земање предвид на рестрикциите воведени поради безбедносни причини, соработка на полициските агенции, поедноставување на процедурите за добивање руско државјанство, како и исплата на пензии.

Русија ќе ја осигури одбраната и безбедноста на Јужна Осетија и ќе ги заштити нејзините граници. Документот, исто така, предвидува Москва и Шинвали да ја координираат надворешната политика.

Путин и претседателот на Јужна Осетија, Леонид Тибилов, ја потпишаа спогодбата за здружување и за интеграција на 8 март во Кремљ.