Економија Народна банка ќе организира работилница за управување со девизни резерви

Народна банка ќе организира работилница за управување со девизни резерви

Народната банка е домаќин-организатор на работилницата за теми во областа на спроведувањето на заднинските активности во процесот на управување со девизните резерви, од 7 до 11 септември.

– Управувањето со девизните резерви е комплексен процес, кој треба да има утврдени јасни цели, добро дефинирани нивоа на одлучување, силни контролни механизми, транспарентен начин на известување и реалистичен приод во надминувањето на ограничувачките фактори при спроведувањето на активностите – се вели во соопштението на НБРМ.

Работилницата е организирана од Светската банка, како дел од редовната годишна програма за едукација и за размена на искуства и вештини во рамки на програмата РАМП, (RAMP – Reserve Management Advisory Programme).

Работилницата има меѓународен карактер и во неа ќе учествуваат претставници од централните банки од 21 држава.