Економија Народна банка издаде и пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски...

Народна банка издаде и пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Деловен успех и среќа“, „Вештачка интелигенција“ и „Среќен роденден“.

Цената на кованата пара „Деловен успех и среќа“ изнесува 3.000 денари, на кованата пара „Вештачка интелигенција“ изнесува 3.200,00 денари, а на кованата пара „Среќен роденден“ изнесува 4.000,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Македонија.