Економија Народна банка: Банките добивката да не ја делат како дивиденда, туку за...

Народна банка: Банките добивката да не ја делат како дивиденда, туку за зголемување на капиталот

Фото: Мета.мк

Народна банка им укажа на банките, добивката остварена во изминатата година да ја стават во функција на натамошно зголемување на капиталот и нивниот финансиски потенцијал. Ова е со цел, банките да бидат повеќе подготвени за справувањето со потенцијалните негативни последици од вирусот Ковид-19.

„Како што им е укажано, банките треба да се подготвени да обезбедат поддршка на редовното работење на граѓаните и фирмите кои се нивни клиенти, задоволување на квалитетната кредитна побарувачка, при истовремено покривање на евентуалните кредитни загуби како последица на ефектите на вирусот Ковид-19 врз домаќинствата и правните лица. Високото ниво на прудентност при носењето на одлуките за распределба на добивката ќе придонесе за натамошно успешно одржување на сигурноста и стабилноста на банкарскиот сектор, а со тоа и за одржување на финансиската стабилност“, истакнуваат од Народната банка.