Подглавна секција Најмалку 21 лице повредени, 126 згради урнати при земјотресот во североисточна Кина

Најмалку 21 лице повредени, 126 згради урнати при земјотресот во североисточна Кина

Земјотресот се случил во 2:33 часот по локално време со длабочина од 10 километри во епицентаро

Фото: Принскрин earthquakenewstoday.com

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Пингјуан во источната кинеска провинција Шандонг рано утрото во неделата, при што беа повредени 21 лице, пренесе Си-ен-ен.

Земјотресот се случил во 2:33 часот по локално време со длабочина од 10 километри во епицентарот, според кинескиот центар за земјотресни мрежи – подружница на Кинеската управа за земјотреси.

Од неделата наутро, 21 лице од градовите Дежоу и Лиаоченг беа пријавени како повредени, соопштија официјални лица.

Државната телевизија CCTV објави дека 126 куќи се урнале како последица на земјотресот.

Испратени се итни спасувачки екипи.