Македонија Најавени нови врнежи од снег

Најавени нови врнежи од снег

Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи од дожд на повеќе места во земјава, кои ќе преминат во снег. Ќе дува засилен северен ветер, чија брзина ќе достигне до 60 километри на час, поради што ќе дојде со нагло опаѓање на температурата.

Како што јавуваат од Управата за хидрометеоролошките работи, се очекува формирање нова снежна покривка, која во западните планински предели ќе достигне височина од околу 20 сантиметри.

Максималната температура ќе се движи од -1 до 5 Целзиусови степени.