Ctrl - Z Најавена е сосема нова „Avatar the Last Airbender“ игра

Најавена е сосема нова „Avatar the Last Airbender“ игра

Едно од најпопуларните студиа за видео игри, „Сејбер Интерактив“ изјавија дека работат на целосно нова игра, сместена во универузмот на „Аватар“

Avatar the Last Airbender е една од најпознатите франшизи на „Николодеон“ која што со првата анимирана серија привлече огромна фан база, која што прерасна во креирање на продолжение, многу стрипови, и многу други серијали.
Фановите на ова франшиза, често бараат некоја игра. До сега има повеќе обиди да се направи тоа, но секогаш добиваат разочарувачки проекти.

Едно од најпопуларните студиа за видео игри, „Сејбер Интерактив“ изјавија дека работат на целосно нова игра, сместена во универузмот на „Аватар“, и од студиото изјавија дека ова ќе е нивниот најскап проект до сега.

Што се однесува до приказната досега-добро позната, новата игра ќе биде базирана на тотално нови карактери, во некое различно време, и главниот протагонист ќе биде нов Аватар од минатото кој што не го знаеме.

Фановите на оваа франшиза се целосно радосни и спремни за оваа игра, бидејќи со нетрпение чекаат добра и квалитетна игра, но дополнително од тоа што доаѓа од многу добро и познато студио.