Свет Европа Надворешни активности се причина за падот на авионот кај Синај

Надворешни активности се причина за падот на авионот кај Синај

Руската авиокомпанија „Когаљмавиа“ утврдила дека „надворешни активности“ се причина за уривањето на рускиот авион во кој загинаа 224 лица.

Истовремено, портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дена ниту една верзија за причините за падот на авионот не може да биде отфрлена. Тоа е неговиот одговор на прашањето дали причина за падот на авионот може да биде терористички напад.

Генералниот директор на руската авиокомпанија рече дека единствено разумно објаснување е дека тоа се случило поради надворешни активности.

Од компанијата „Когаљмавиа“ соопштија дека двата мотори на авионот биле прегледани во Москва на 26 октомври и оти не се регистрирани никакви неправилности.