Свет Европа Повеќе од 500 лица испитани во полиција за нападот во Стокхолм

Повеќе од 500 лица испитани во полиција за нападот во Стокхолм

Шведското јавно обвинителство соопшти дека има уште еден притворен за терористичкиот напад во петокот во центарот на Стокхолм, во кој загинаа четири лица, а 15 беа повредени.

Досега повеќе од 500 луѓе се испитани во врска со нападите.

Осомничениот во меѓувреме доби и службен бранител.

Сите жртви на нападот се идентификувани. Двајца се Швеѓани, еден е Британец, а еден Белгиец. Полицијата соопшти дека во моментот нема сознанија за можност за нови напади.

Осомничениот за нападот, 39-годишен Узбекистанец, барал постојан престој во Шведска во 2014 година, но молбата му била отфрлена и требало да биде депортиран. Полицијата вели дека имал симпатии кон терористички организации,  меѓу кои и Исламска држава.