Подглавна секција Над 1000 починати аџии поради високите температури во Мека

Над 1000 починати аџии поради високите температури во Мека

Најмногу смртни случаи се пријавени од Египет – 658. Индонезија објави повеќе од 200 мртви, а Индија соопшти дека починале 98 аџии

Фото: Saudipics.com, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Повеќе од 1.000 аџии загинале за време на овогодинешниот аџилак во Саудиска Арабија поради екстремно високите температури, пишува Асошиејтед Прес.

Најмногу смртни случаи се пријавени од Египет – 658. Индонезија објави повеќе од 200 мртви, а Индија соопшти дека починале 98 аџии.

Бидејќи повеќе од половина од починатите се луѓе од Египет, државата ги укина лиценците на 16 туристички агенции кои им помагаа на неовластените аџии да патуваат во Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија не ги коментираше смртните случаи за време на аџилакот.

Египетската влада објави дека починале околу 30 овластен аџии поради хронични заболувања за време на овогодишниот хаџ, но не дадоа објаснување за останатите.

Сепак, претставник на Кабинетот рече дека најмалку 630 други Египќани загинале за време на аџилакот, а повеќето биле пријавени во комплексот за итни случаи во населбата Ал-Муаисем во Мека.

Египетски дипломат рече дека повеќето од загинатите се погребани во Саудиска Арабија.