Македонија На Водно ќе се гради парк во спомен на жртвите на сообраќајни...

На Водно ќе се гради парк во спомен на жртвите на сообраќајни несреќи

По повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, денеска на Средно Водно со засдување дрвца ќе биде промовиран парк во спомен на лицата што оваа година го загубија животот во сообраќајки во Република Македонија.

На настанот што го организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), ќе присуствуваат претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска, како и претставници од Министерството за внатрешни работи и од Град Скопје.