Македонија Магла на Стража, видливоста намалена до 50 метри

Магла на Стража, видливоста намалена до 50 метри

Поради појава на магла на планинскиот превој Стража, видливоста е намалена до 50 метри, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Сè уште важи забраната за движење на тешки товарни возила над 7,5 тони и на автобуси на патот Ржаничино – Д.Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на реката Пчиња.

Останува на сила и забраната за движење на возила на патот Киселица – Злетово поради свлечиште.

Во прекин е сообраќајот на регионалниот пат кај Глобица, во непосредна близина на селото Ратавци – Пробиштип и на патните правци кон селата Степанци и Суво Грло.

На патот Радовиш – Штип, штетата на мостот е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

На останатите патишта сообраќајот се одвива нормално, по влажни коловози.