Македонија На овие избори ќе освоиме најмалку 15 пратенички места, порача Бошкоски

На овие избори ќе освоиме најмалку 15 пратенички места, порача Бошкоски

„На овие избори ќе освоиме најмалку 15 пратенички места, кои ќе одлучуваат за судбината и идната влада на Макадонија“, порача Љубе Бошковски на митингот на коалицијата ВМРО за Македонија во Куманово.

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, истакна дека нивните аргументи се нивната претходна работа во изминатите години, но и новата изборна програма.

Од коалицијата ВМРО за Македонија посочија дека нема да се занимаваат со никакви реваншистички политики и дека целото внимание ќе биде насочено кон развојот на Македонија и кон напредокот за граѓаните.