Македонија На мејл циркулира лажна порака со покана за во МВР

На мејл циркулира лажна порака со покана за во МВР

Магдалена Несторовска, државен секретар во МВР, утрово на својот Фејсбук профил предупреди дека преку електронска пошта циркулира нејзин фалсификуван допис.

„Тој не е ниту испратен, ниту потпишан од мене, како државен секретар на МВР. Се работи за груб фалсификат со цел да предизвика вознемиреност кај граѓаните“ – вели Несторовска.

Во мејлот што бил испратен до граѓаните, лицата се повикуваат во МВР поради тековна истрага.