Македонија МЗД: ФЗОМ да го повлече новиот предлог за породилното боледување

МЗД: ФЗОМ да го повлече новиот предлог за породилното боледување

Бременост

ФЗОМ да го повлече предлогот исплатата на породилното боледување да ја врши фирмата и да преземе мерки преку кои на жените ќе им го обезбеди правото на надомест поради бременост и раѓање од државата, без досегашните доцнења, бараат од Мрежата за заштита од дискриминација.

Тие инсистираат, доколку предложените мерки од овој проект бидат вклучени во колективните договори, синдикатите и работодавците да се спротистават на евентуалните измени и да не дозволат таква промена.

„Разлики помеѓу жените и мажите постојат и во однос на регулираниот работен однос, односно бројот на формално вработени мажи е поголем од бројот на формално вработени жени, а учеството на вработени жени во приватниот сектор е помал во однос на мажите. Како една од причините што ФЗОМ ја истакнува при најавување на овој проект е побрза исплата на надоместокот за породилно отсуство, особено во првите месеци од раѓањето на бебето. Имено, доколку ФЗОМ истакнува дека го исплаќа надоместокот за породилно отсуство со задоцнување од два-три месеца, тогаш зошто работодавците би верувале дека Фондот навремено ќе им го рефундира платениот надоместок ним? За рефундирање на вака платените средства, работодавецот ќе треба да поднесе и барање за рефундирање што само по себе ќе подразбира обременување на постапката за поврат на средства на работодавецот“, сметаат од Мрежата за заштита од дискриминација.