Македонија МВР вчера издало потврди на вкупно 2.662 мигранти

МВР вчера издало потврди на вкупно 2.662 мигранти

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало вкупно 2.662 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.444, Авганистан – 623 и на Ирак – 595.

Од 19 јуни до вчера издадени се потврди на вкупно 382.814 странски државјани.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на правото на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до вчера, до Секторот за азил поднесени 84 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.