Македонија МВР вчера издало потврди на вкупно 1.830 мигранти

МВР вчера издало потврди на вкупно 1.830 мигранти

Во текот на вчерашниот ден, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 1.830 мигранти, од кои повеќе од половината, односно 1.270, се сириски државјани.

Според податоците на МВР, за речиси три месеци, откако беа донесени измените на Законот за азил и привремена заштита (19 јуни), досега низ територијата на Македонија поминале вкупно 68.784 мигранти, на кои им биле издадени вакви потврди. Од нив, најголем дел, или вкупно 55.811 лица, се државјани на Сирија.

Во истиот период, како што информираат од Министерството, азил побарале вкупо 49 лица.

Во изминатите 24 часа до одделението за азил не било поднесено ниту едно барање за признавање на правото на азил.