Македонија МВР вчера издало потврди на 931 бегалец

МВР вчера издало потврди на 931 бегалец

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало потврди на вкупно 931 странски државјанин за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврдите, најбројни се државјаните на Авганистан – 351, од Сирија се 297 лица, а од Ирак – 283 .

Од почетокот на годината, до вчера, издадени се вкупно 53.434 потврди на странски државјани.

Во текот на изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда .

Од први јануари до вчера, поднесени се шест барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.