Македонија МВР вчера издало потврди на 773 мигранти

МВР вчера издало потврди на 773 мигранти

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 773 мигранти. Според државјанството, 611 потврди се издадени на лица со потекло од Сирија, 160 на државјани на Ирак и две на лица од Авганистан.

Како што информираат од МВР, од лицата на кои вчера им се издадени вакви документи, 219 се мажи, 224 се жени и 328 се деца што го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патуваат без придружба на родител.

Од 1 јануари годинава, заклучно со вчера, според МВР, низ земјава поминале вкупно 85.132 мигранти, на кои им била издадена потврда за искажана намера за барање азил.