Македонија МВР вчера издало потврди на 715 мигранти

МВР вчера издало потврди на 715 мигранти

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 715 мигранти. Според државјанството, 318 мигранти се со потекло од Авганистан, 304 од Сирија и 93 лица се од Ирак.

Од 1 јануари до вчера, МВР издало потврди на вкупно 17.882 странски државјани, додека од 19 јуни минатата година, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот ден, низ земјава поминале вкупно 406.115 мигранти, на кои им биле издадени вакви документи.

Во текот на вчерашниот ден, според МВР, до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил.