Македонија МВР вчера издало потврди на 616 бегалци

МВР вчера издало потврди на 616 бегалци

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало потврди на вкупно 616 странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, потврди се издадени на 393 државјани на Сирија и на 223 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од почетокот на годината до вчера, издадени се потврди на вкупно 86.462 странски државјани.

Во текот на изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од први јанури до вчера до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 21 лицe.