Македонија МВР вчера издало потврди на 574 бегалци

МВР вчера издало потврди на 574 бегалци

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди на вкупно 574 странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството, потврди се издадени на 489 државјани на Сирија и на 85 државјани на Ирак, но не се издадени потврди на државјани на Авганистан.

Од први јануари до вчера издадени се потврди на вкупно 87.036 странски државјани.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, врз основа на претходно издадена потврда.

Од почетокот на годината до вчера до Секторот за азил барање за признавање на правото на азил поднеле 21 лицe.